Посакувате исполнет живот се прашувате како?
Можно е да сте се обиделе да смените нешто во вашиот живот и можеби ќе се согласиш со мене дека секој од нас во одреден период од животот има некоја област со која не е во потполност задоволен,било да е тоа работата, партнерските врски, односите во семејството, финансисиите, комуникацијата со колегите, претпоставените, можеби здравјето што и да е, или не е успешен колку што посакува.Некогаш тоа трае пократко, а некогаш подолго. Голема е веројатноста, сте посакале да направите некаква промена во вашиот живот и……….
………….Почнавте со некои активности но не наоѓате вистинска причина,ниту волја да продолжите.Немате мотивација? Чувствувате страв од промена? Не е сега време? Да помине само кризава? Чувствувате бес, лутина? Се обвинувате себеси и останатите? Ја губите самодовербата ? Како да е друга личност во вас и почнувате со прашања:
- Дали е ова сè што сакам?
- Ова ли сум јас?
- Што можам јас?
- Кои се моите очекувања ?
- Кои се моите цели?
- Можеше ли да биде поинаку?
- Како да почнам одново?
Прашањата што ги имате сега се веројатно истите кои ги имавте како и пред година – две, а можеби и повеќе!
Верувате ли дека има начин да најдете одговори?
Има начин да ја вратите вербата во себе и да ги најдете одговорите на прашањата кои ве оптеретуваат. Одговорите се во Вас и само Вие можете да донесете одлука каков живот сакате да живеете. Промената е доживотен процес и константна работа, лична внатрешна работа која може да се сумира во еден збор:Напредок!
И вие можете да напредувате и создадете нов автентичен живот.
Вие не морате да ми верувате само затоа што во еден период од животот,си ги поставував истите прашања врвејќи го сопствениот пат на самооткривање и самоспознавање преку исклучително моќна методологија, туку затоа што сега вие имате ексклузивна можност да ги искористите бенефитите од неа.Само за вас кои постојано се прашувате можете чекор по чекор, од ден на ден со едноставни практични вежби, преку прекрасни техники и алатки да ги откриете одговорите и сопствените потенцијали за кои кога стануваме свесни создаваат магија во нашиот живот.
РАБОТАТА СО МЕНЕ ВИ СЛУЖИ ДА ПОСТИГНЕТЕ
Креирате јасност и посветеност во намерите кои радикално го менуваат вашиот живот во годините што следат.
Акција во конкретни чекори со кои започнувате да го живеете животот што го посакувате.
Стекнувате моќ да управувате со емоциите и од немилосрдни господари ги претварате во послушни слуги кои работат во ваша корист.
Верувањата и обрасците на однесување кои ве попречуваат , ги трансформирате во подржувачки со што ја подобрувате комуникација со себе и другите.
Прифаќате со храброст, сила, страст и флексибилност да ја надминете било која препрека или неочекувана промена што животот ви ја сервира.
Допирате до вашите лични вредности и создавате свесна намера за напуштање на вашата комфорна зона,ги поместувате границите со што ја јакнете сопствената позиција во било кој сегмент од вашиот живот.
Севкупното теоретско знаење, но посебно личното животно искуство, сите техники и вежби кои прво ги испробав врз себе и редовно ги практикувам, се спакувани во индивидуални,партнерски и групни работилници.
До денес имам спроведено повеќе од 150 саати персонализирани сесии, за поединци и парови, како и повеќе од 50000 саати менторство од областа на комуникации, услуги и продажба.
Уживам во работата со луѓе затоа што верувам дека во секој еден од нас постои скриена ризница на таленти, спремни да бидат откриени и остварени.
Благодарна сум и благословена што имам можност да работам со прекрасни луѓе, да им служам и бидам поддршка гледајќи како напредуваат пленејќи со интегритет и блескавост во нивниот живот.
Во моите работилници и програми нудам уникатен пристап за развој и подобрување на повисоките принципи помеѓу човечката физичка, ментална, емоционална и духовна рамнотежа.
Ваквиот пристап им помага на луѓето да станат посигурни во животот и во односите; да го подобрат нивното партнерство; да ги надминат старите обрасци и верувања што ги спречуваат да станат најдобра верзија за себе; да растат, да градат и да ја подигаат нивната свест, пред сè, да веруваат повеќе во процесот на животот и со сигурност да зачекорат на патот на сопствено остварување.
Осмелете се да бидете тоа што сте автентични и единствени ,започнете вистинска трансформација преку истражување, забава и игра.Научете повторно да се сакате себе и едни со други.Тука сум да ве поддржам да истражувате, растете, се развивате и да го живеете животот што го посакувате давајќи пример и оставајќи позитивно влијание позади вас.
Се радувам со секој од вас да се запознаам.
ДОБРЕДОЈДОВТЕ!